Вечерва и утре се играат вторите натпревари од 1. квалификациско коло во кое има неколку дилеми. Црвена Звезда одигра добро, меѓутоа не знаеше да ја затресе мрежата на Судува во Литванија, па сега на својата „Маракана“ ќе мора да дава голови. И Лудогорец е пред голем предивзик по поразот од Ференцварош на гости. Бугарите ќе треба да ја тресат мрежата на противникот, а притоа да не примат гол.

А и Клуж има незгодна задача. Поразот од Астана мора да се надополни на домашен терен, затоа што ако не се стори тоа ќе биде големи минус не само за клубот туку и за романскиот фудбал воопшто кој во последните години е во пад.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – КВАЛИФИКАЦИИ (1.коло, реванши)

ВТОРНИК (16.07.2019)

САБУРТАЛО – ШЕРИФ

Прв натпревар 3:0

Победата на Сабуртало во Тираспол беше едно од најголемите изненадувања во 1. квалификациско коло. Сега би не зачудило ако домашните фудбалери ја прокоцкаат шансата за понатамошен пласман. Типувајте на кец, но и на 2-4.

ХБ ТОРШАВН – ХЕЛСИНКИ

Прв натпревар 0:3

Хелсинки има одличен резултат и речиси да поминал во следната рунда, во која го чека Звезда или Судува. Навивачите на ХБ Торшавн немаат премногу причина за оптимизам, но можат да се надеваат на отворен натпревар со голови на двете страни.

ФЕРОНИКЕЛИ – ТНС

Прв натпревар 2:2

Незгоден пар за типување, дури ни резултатот од првиот меч не може да ни даде јасна насока кон тоа на што треба да се обрне внимание. Можеби кецот е нешто пореален од другите исходи, меѓутоа, ние би пробале за погодоци на двете страни.

ВАЛЕТА – ДИДЕЛАНЖ

Прв натпревар 2:2

Диделанж имаше предност од 2:0 во првиот меч, но момците од Малта успеаја да стигнат и сега реваншот го чекаат со резултат кој им дава причина за оптимизам. Ниту еден исход не би не изненадил, но ГГ и ГГ3+ се апсолутно реални.

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – СУДУВА

Прв натпревар 0:0

Резултатот од првиот меч е разочарувачки за навивачите на Црвена Звезда, иако и најзагрижените сигурно очекуваа тврд натпревар во Литванија. И сега се сомневаме во повеќе од два гола, но на домашен терен Звезда е апсолутен фаворит.

СРЕДА (17.07.2019)

РИГА – ДАНДАЛК

Прв натпревар 0:0

Многу очекувавме од Дандалк кој пред три лета беше на чекор до сензација и која потоа играше во групната фаза на Лига Европа. Вака на домашен терен одигра без голови, па ќе им биде многу тешко на реваншот во Летонија. Можен е секој исход, а ние би ви предложиле 0-2.

АИК – АРАРАТ-ЕРЕВАН

Прв натпревар 1:2

Мислевме дека искуството на АИК ќе преовлада на овој натпревар, но агилниот Ерменци успеаја да стигнат до победа која им влеа оптимизам. Сега не се осмелуваме да ви препорачаме исход, иако, според нас, единицата е најреална. Ограничете се на 2-3.

КАРАБАХ – ПАРТИЗАНИ

Прв натпревар 0:0

За дуелот во Тирана добро прогнозиравме дека ќе биде тврд и дека е најпаметно да прескокнете конечен исход. Сега би требало да биде поинаку. Карабах на домашен терен мора да тргне на се или ништо, а тоа би требало да донесе единица и 2-3.

РОЗЕНБОРГ – ЛИНФИЛД

Прв натпревар 2:0

Очекувано, Розенборг рутински стигна до победа во Белфаст. Секако, таа не е толкава за најтрофејниот норвешки клуб да се опушти, но реално не треба ни премногу да се стресува. Единицата е сигурна, а можеби ќе дојде во комбинација со 3+.

ЛУДОГОРЕЦ – ФЕРЕНЦВАРОШ

Прв натпревар 1:2

Лудогорец го изгуби првиот натпревар, но благодарение на голот на Јакуб Швјерчок во 31. минута тој пораз не мора да значи елиминација, како оној во дуелот со Видеотон минатиот август. Ќе се осмелиме да ви предложиме единица, но и ПГ 2.

КЛУЖ – АСТАНА

Прв натпревар 0:1

Клуж два едноподруго натпревари ги изгуби со минимален резултат – од Виторул во Суперкупот и Астана во првиот квалификациски меч. Тоа ви е патоказ да типувате на 0-2, а ако сакате да ризикувате гаѓајте единица.

ПЈАСТ ГЛИВИЦЕ – БАТЕ БОРИСОВ

Прв натпревар 1:1

Иако е со скромно искуство во Европа, полскиот клуб успеа да забележи поволен резултат на незгодното гостување во Белорусија. Но, противникот не е отпишан, па можни се сите исходи. Наши препораки се КМБ 1+I&1+II и КМБ 1Х&ГГ.

МАРИБОР – ВАЛУР

Прв натпревар 3:0

Марибор е меѓу екипите кои ги оправдаа очекувањата претходната недела, а ние жалиме што немавме храброст да ви препорачаме двојка во комбинација со многу голови. Но, затоа сега ќе го направиме тоа, домашните нема да имаат милост кон Исланѓаните.

СУТЈЕСКА – СЛОВАН БРАТИСЛАВА

Прв натпревар 1:1

Со голот на Којашевиќ во петтата минута од судиското продолжение на времето Сутјеска го изненади и клубот од Братислава, и сите нас, меѓутоа, факт е дека Никшиќани имаа и многу среќа, како и расположениот голман Владан Гиљен. Но, Слован е кадарен да го возврати ударот исто така со 2-3 гола.

СЕЛТИК – САРАЕВО

Прв натпревар 3:1

„Келтите“ ги „тренираа“ нервите на навивачите во Сараево затоа што му дозволија на противникот да поведе, а потоа се собраа и забележаа триумф кој им дава причина во нешто поопуштена атмосфера да го дочекаат реваншот. Ова е ефикасна единица.