Српскиот интернационалец Бошко Паповиќ е најново име во таборот на Работнички, кој треба да биде освежување во офанзивата за „романтичарите“.

Тренерот Александар Влахо и управата на клубот продолжуваат со засилување на играчкиот кадар, а со ангажманот на Паповиќ би требало дополнително да се засили нападот на повеќекратниот првак на Македонија.

Станува збор за 22-годишен фудбалер кој поголемиот дел од кариерата го мина во младинската школа на Војводина. Паповиќ денеска го стави потписот на договорот со Работнички, а инаку тренираше од почетокот на подготовките со тимот на „романтичарите“.

Тој е второто засилување за „романтичарите“ во текот на денешниот ден по Драган Стојков.