Маурицио Покетино го донесе Маурицио Покетино во Тотенхем. Не е печатна грешка. Станува збор за синот на тренерот на Тотенхем кој го носи името на татко му. Всушност Маурицио јуниор дојде во Тотенхем пред четири години кога татко му стана менаџер на тимот меѓутоа дури сега потпиша професионален договор и ќе му се приклучи на тимот од 23 години односно резервниот тим на „Спарс“.

Тоа значи дека Покетино може да го користи својот син и во првиот тим, а доколку има одлични настапи за резервите може да си обезбеди и стандардно место.