Малку кој очекуваше дека Шкендија, после сите подготовки, после првиот резултат ќе нема да го дочека 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите. Се беше подготвено за спектаклот со Селтик, но тетовскиот тим одигра срамно и безидејно, лошо на реваншот, прими два гола и заработи елиминација.

Тажни лица, молк во соблекувалната на Шкендија, и песна во онаа на Номе Калју можеа да се видат и чујат по мечот. Така наместо сптекакл во Скопје, спетаклот со Селтик и неговите фанови, ќе се пресели во Талин. Можеби некој веќе купувал билети за Скопје, и ако го сторил тоа, сега ќе мора да ги откажува… Во Скопје ќе дојде некој друг тим (Дуделанж или Валета).