Новиот тренер на охридскиот суперлигаш, Раде Стојановиќ продолжува да го крои тимот, а уште еден во низа кој ја продолжи верноста е десното крило Бобан Блажески. Тој потпиша нов договор со „гладијаторите“ на една сезона.

Со тоа крилото е петтиот ракометар во низа, кој останува во Охрид, по капитенот Крсте Андоновски, Иван Тасески, Борче Соколов и голманот Јагош Брауновиќ, кои исто така ги продолжија своите договори.

На тимот во новата сезона ќе му се приклучат голманот Никола Даниловски и пикерот Кристијан Анастасовски, кои се двете нови засилувања во тимот.