Новиот прволигаш, екипата на Струга Трим Лум од денеска е во Банско (Бугарија), каде до 28 јули ќе се одработи главната фаза од летните подготовки.

„Барем засега се она што беше планиранио и се остварува. Експедицијата на Струга Трим Лум веќе е во Банско а попладне ќе се одработи и првиот тренинг. Како што е познато   планирани се и три пријателски средби, и тоа со Дунареа на 19 јули, потоа играме со Алтин – Асир на 23 и последната контрола ќе ја имаме со косовска Дрита на 26 јули. Исто така познато е дека досега ангажиравме четворица квалитетни прволигашки играчи, веројатно ќе донесеме уште едно до две имиња, но и без тоа сметам дека имаме добар тим и едвај чекам да започне првенството, во кое Струга Трим Лум ќе го има своето деби во елитната лига во Македонија“ изјави за СПОРТМЕДИА Бесарт Исаку, спортскиот директор на Струга Трим Лум.