И тоа се случи. Десниот бек на Тотенхем Киран Трипие ќе се пресели во Атлетико Мадрид и ќе стане првиот Англичанец кој ќе го облече дресот на „Јорганџиите“. Лондонскиот клуб решил да го продаде 28-годишниот фудбалер во Шпанија и тоа за 20 милиони фунти.

Трипие ја почна кариерата во Барнсли, па премина во Барнли и беше дел од екипата која избори пласман во Премиер лигата во 2013/14. Една сезона играше за Барнли во елитната лига, а потоа прејде во Тотенхем каде се задржа четири сезони.

За Трипие изминатите денови се интересираа и Јувентус и Наполи но од таму некако немаа конкретна понуда, додека Атлетико излезе со конкретна сума и услови кои Тотенхем ги прифаќа. Се очекува во текот на утрешниот ден англискиот репрезентативец да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот и ќе го замени ветеранот Хуанфран.

А Тотенхем нема потреба да бара друг десен бек затоа што ги има Серж Орие, Кајл Вокер-Питерс и Хуан Фојт. Но затоа ќе проба да донесе лев бек, а пик е Рајан Сесењон од Фулам.