По победничкиот старт женската јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на ЕХФ Шампионатот и во второто коло со 34:22 (19:12) загуби од Швајцарија.

Нашите девојки имаа добар старт на натпреварот и минимални 5:4, по кои благодарение на одличната игра во одбраната противникот дојде до пресврт, а потоа и до висока предност од 12:19 на полувремето.

Во продолжението малку можеа да направат избраничките на Јулијана Дамчевска, со оглед на тоа дека Швајцарија наметна свое темпо на игра и доминираше до крајот на мечот.

Македонија утре (18 часот) игра против Литванија во последното коло од групата Б, а победа би значела и пласман во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот.