На самиот почеток од натпреварот, трибините на Националната Арена „Тодор Проески“ беа празни. Имаше публика едвај 1500.

Тоа е премалку, особено кога игра Шкендија, навикнати сме да гледаме повеќе, и тоа најмалку 5-6 илјади.

Меѓутоа очигледно неатрактивноста на противникот, како и резултатот од првиот меч, и терминот од 17 часот, придонесоа да има малку гледачи на Националната Арена попладнево.