Арсенал е многу блиску до потпишување договор со едно од откритијата на селекцијата на Бразил на Копа Америка, Евертон Соуза Соарес. Крилниот напаѓач на Гремио стана интересен за повеќе европски тимови, а најмногу загриза Арсенал кој бара квалитетни имиња за новата селекција на Унаи Емери.

Според извори од клубот, „топчиите“ веќе испратиле претставници во Бразил, кои заедно со медицинска екипа треба веднаш да направи и лекарски прегледи на 23-годишниот фудбалер кој веднаш би потпишал договор со лондончани.

Според информациите, Арсенал за трансфер ќе плати многу повеќе од оние 20 милиони евра на колку беше проценет. Засега нема информации колкава ќе биде сумата, но трансферот треба да биде потврден наскоро.