Борусија Дортмунд е блиску да потпише нов договор со брендот за спортска опрема „Пума“ кој ќе биде до 2025, и ќе добие 300 милиони евра, пишуваат германските медиуми.

Дортмунд е во „врска“ со Пума од 2012, и има шанси таа соработка да продолжи и понатаму.

Инаку овој тим е еден од оние кои продава најмногу дресови по една сезона, а таа бројка се движи од 600 до 700 илјади дресови.