Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Данило Брестовац денеска им се заблагодари на тројца ракометари, па во продолжение на подготовките за настап на Светското првенство на располагање ќе има 20 играчи.

Станува збор за Мартин Ивановски и Кристијан Димитриески од Охрид, како и Дарио Кофилоски од Металург 2.ж

Репрезентацијата денеска ја напушти Струга, по три дена одмор продолжуваат во Маврово (20 јули). Тимот десет дена ќе остане на оваа локација пред доаѓањето во Скопје на 1. август каде ќе го чека почетокот на мундијалот на 6 август.