Матијас де Лихт утрово треба да се појави во тренинг кампот на Јувентус да ги мине задолжителните лекарски прегледи. Холанѓанецот доцна синоќа пристигна во Торино, па веќе денеска ќе им се приклучи на соиграчите, откако претходно ќе стави и официјално потпис на петгодишниот договор.

Веднаш по следувањето Де Лихт испрати порака до фановите на Јувентус.

„Здраво бјанконери. Пресреќен сум што сум тука“, порача младиот фудбалер, кој во Торино доаѓа за 75 милиони евра.