Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди и натаму го чека трансферот во Јувентус, откако стратегот на Интер, Антонио Конте јасно му даде до знаење дека не смета веќе на неговите услуги, па дури и го одстрани од подготовките за новата сезона.

Икарди, кој во моментов тренира сам треба да биде нов играч на Јувентус, кој е заинтересиран за неговите услуги, но трансферот никако да се реализира.

Поради тоа, според пишувањето на италијанските медиуми Аргентинецот им даде рок на челниците на Јувентус до 10 август да го реализираат трансферот или тој ќе замине во друг клуб. Поточно во Наполи, кој ја чека разврската околу неговата иднина.

Интер прави се што е во негова моќ да го спречи заминувањето на Икарди во Јувентус и постави обештетување од 80 милиони евра, додека Јуве сака да плати околу 60 милиони. Доколку до крајот на преодниот рок нема други опции за него, Интер ќе го понуди на Наполи за 70 милиони евра.