Од почетокот на месецов ФК Кадино интензивно работи на темпирање на формата за настапот во Втората лига Запад под водство на легендата на Вардар, искусниот стратег Борче Мицевски и неговиот помошник Дејан Десник.

Во сезоната во која клубот ја слави јубилејната 50. годишнина од  своето постоење, влегува со големи амбиции. Општина Илинден и бизнис заедницата го помагаат клубот, кој патем оваа сезона доведе квалитетни играчи во своите редови и притоа се надева дека ќе оствари висок пласман на табелата сезонава.

Клубот на 27 јули по повод Илинден, националниот празник, кој е празник и на Општината ќе одигра пријателски натпревар со Пелистер, како дел од подготовките за новата сезона.