Вечерва на Националната арена во Скопје и фудбалерите на Шкупи го одржаа својот последен тренинг пред утрешниот реванш-меч со екипата на Пјуник во 1. коло од елиминациите во Лигата на Европа. Тренерот Умит Каран го построи својот тим и почна со тактична подготовка пред одлучувачкиот меч.