Mладиот Дејан Кулушевски, кој игра во Италија со шведски пасош, а има македонски потекло, како што веќе најавивме пред неколку дена, од денеска е нов фудбалер на Парма. Кулушевски доаѓа во редовите на Парма од екипата на Аталанта, како позајмен играч.

Денеска Дејан се фотографираше во просториите на клубот од „Енио Тардини“ каде ќе ја бара својата минутажа следнава сезона.