Македонија ЃП утре ќе брка негатива од два гола против Алашкерт. За поминување понатаму, на „лавовите“ им требаат минимум два гола, а да не примат ниту еден, затоа што првата средба ја загубија со 3:1.

Оптимизам владее во редовите на ѓорчепетровци. Најавија „лавовска“ битка и можност да биде анлирана предноста на противникот.

Погледнете фотографии од последниот тренинг на Македонија ЃП на тренинг комплексот „Петар Милошевски“.