Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата и член на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, побара од челниците на својот тим да ангажираат уште имиња, како неговиот тим би бил конкурентен во освојувањето на Бундеслигата и Лигата на шампионите.

„Сега имаме многу млади играчи. Ни требаат уште неколку звучни имиња за да бидеме конкурентни“, изјавил Левандовски.

Тој алудира да се најдат замени за Рибери и Робен кои по завршувањето на минатата сезона си заминаа од клубот. Тој потенцираше дека одбраната ќе биде засилена со ангажманот на Фернандез, но дека требаат играчи во средниот ред и крила.