Првата проверка на формата во пресрет на новата сезона Металург ќе ја направи на турнирот во Чехов, Русија, од 16 до 19 август, а домаќинот Чеховски Медведи е првиот противник на „металурзите“.

Ова стана јасно откако организаторот го објави распоредот на натпреварите. Во првото коло „мечките“ ќе ја тестираат силата на новиот Металург, во второто коло играат со белорускиот првак Мешков Брест, додека последен противник на турнирот им е романска Стеауа.

Натпреварите ќе се играат во салата „Олимпискиј“ во Чехов со капацитет до 3.000 места.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

1.КОЛО (16.08.2019)

16:30ч. Мешков Брест – Стеауа

19:00ч. Чеховски Медведи – Металург

2. КОЛО (17.08.2019)

14:00ч. Металург – Мешков Брест

16:00ч. Стеауа – Чеховски Медведи

3. КОЛО (18.08.2019)

14:00ч. Стеауа – Металург

16:00ч. Чеховски Медведи – Мешков Брест