Македонскиот фудбалски тренер, Мирсад Јонуз, од денеска ја презема екипата на Влазнија од Скадар. Стратегот и албанскиот тим се договориja за соработка, која беше официјализирана денеска од клубот.

Јонуз е поранешен селектор на македонската фудбалска репрезентација, а минатата сезона работеше како тренер на грчкиот тим Агиниакос. Сега ќе се обиде во шампионатот на нашиот западен сосед, каде Влазнија се врати во елитата.

Како што објавија од клубот, се е договорено околу соработката, само се очекува Јонуз да пристигне во Скадар за да го потпише договорот и да започне со подготовките за новата сезона.