Италијанскиот новинар Алфредо Педула вечерва објави информација дека трансферот на нашиот млад фудбалски дијамант, Елиф Елмас, ќе биде завршен в сабота. Најавите од Италија велат дека нашиот играч за врска ќе пристигне во Неапол в сабота за кога се закажани и лекарските прегледи во неговиот нов клуб.

Фенербахче и Наполи се уште официјално го немаат потпишано договорот за купопродажба на Елмас, но Педула вели дека скоро се е договорено, само остануваат уште неколку отворени детали кои треба да бидат завршени дури и до крајот на оваа вечер. Веројатно Наполи малку купува време, за да ги добие средствата од продажбата на Марко Рог, кој е веќе на излезна врата од градот под Везув.