Случувањата со Синиша Михајловиќ и неговата болест и натаму се главна вест на италијанските спортски портали. „Кориере ди Болоња“ денеска објави дека поранешниот селектор на Србија, кој се појави во болницата во понеделникот, бил пречекан од еден од своите најдобри пријатели и поранешен соработник, Роберто Манчини.

Михајловиќ бил сместен во изолирана соба, а во првиот контакт со лекарите соопштил дека е подготвен да слуша и да ги спроведува сите нивни препораки. Медиумите веќе шпекулираат дека ако се оди според планот, Миха за 3 месеци може да се врати на терените.