Бесарт Абдурахими, некогаш големото засилување за репрезентацијата на Македонија, сега е во потрага по клуб. Откако му истече договорот со романски Херманштад, е во потрага на нова средина.

Инаку Абдурахими играше за Хрватска, но некако успеавме да го убедиме да игра за нашата селекција. Освен оној прекрасен гол со Луксембург, Абдурахими никако не успеа да се наметне како станарден член на репрезентацијата, а тоа се случува и во клубовите.

Од Локерен каде што вредеше најмногу, има вртоглав пад на кариерата, па играше во Шкендија, во Партизани тирана па во Херманштад. Претходно настапуваше во Астана, Загреб, Хапоел Тел Авив.