Киран Трипие и офцијално е нов фудбалер на Атлетико (М). Веста која ја презентиравме уште синоќа, денеска и официјално е потврдена од шпанскиот тим.

Атлетико Мадрид и Тотенхем постигнаа договор за трансферот на англискиот фудбалер. Трипие веќе го потпиша договорот на 3 години, откако успешно ги помина лекарските преглед на Универзитетот во Навара.