Новиот тренер на Џенова Аурелио Андреацоли најави, и тоа го оствари, дека Пандев ќе игра во средниот ред на пријателскиот меч против Вал Стубаи. Многумина мислеа дека се шегува, меѓутоа Пандев вториот дел го одигра како играч за врска.

„Андреацоли ме праша што мислам да играм во средниот ред. Ми беше чудно. Во младите категории во Македонија сум играл среден ред, Одамна беше тоа. Треба да внимавам повеќе на одбраната, да давам топки, да имам многу додавања…“, рече Пандев.

Сепак, Андреацоли го стори ова додека чека да пристигне нов играч во средниот ред. Потоа ќе го врати Пандев во нападот, но истакна дека може да смета на Пандев на таа позиција доколку биде нужно.