На трката во Силверстон, тимот на Ред Бул го сруши рекордот во Формула 1 кога станува збор за времето за кое механичарите ги менуваат гумите.

На болидот на Макс Верстапен сите четири гуми му беа сменети за рекордни 1.91 секунда, со што Ред Бул го урна сопствениот рекорд поставен пред неколку години.

Момент кој ја обележа трката беше сударот меѓу Верстапен и Себастијан Фетел, но токму механичарите на Ред Бул беа херои со нивната брза реакција и времето кое возачот го мина во боксот.