На денешниот пријателски меч одигран во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“, нашиот прволигаш Ренова обезбеди победа над екипата на Трајал Крушевац од 2:0. Во интересен и главно рамноправен меч, победата на ренова дојде во завршницата на средбата.

Во 80. минута „гипсарите“ добија удар од белата точка, кој Гафури успеа да го претвори во водство од 1:0.

Само неколку минути подоцна, со голот на Илирид Адеми, Ренова ја запечати победата. Неколку дена претходно „гипсарите“ обезбедија и убедлива победа над екипата на Лабуништа.