Третиот пораз во последниот меч од групната фаза на Европското првенство Б дивизија, машката младинска репрезентација на Македонија го претрпе од Словачка, 64:46 (9-17, 31-11, 10-6, 14-12)

Македонија имаше одлично отворање на натпреварот (9:2), а и првата четвртина ја заврши со предност од 17:9, но во продолжението дозволи противникот не само да дојде до пресврт, туку и да изгради сериозна двоцифрена предност од 40:28 на полувремето.

По ова како веќе да беше јасен исходот на натпреварот, со оглед на тоа дека во второто полувреме Словачка продолжи да го диктира темпото.

Македонија групната фаза ја заврши со само една победа над Луксембург, и три порази од Словачка, Португалија и Белгија и ќе разигрува за пласман од 17 до 21 место.