Како што најавува тиражниот „Билд“, спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ се наоѓа „тајно“ во Париз за да преговара со некој играч. Засега не е познато со кого преговара најтрофејниот германски клуб.

Иако не е откриено за кој играч станува збор, шпекулациите велат дека се преговара за трансфер на Јулијан Дракслер во Минхен.

Тој игра како крилен играч, и би бил добродојден во Баерн по заминувањето на Робен и на Рибери.