Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Антонио Станков, кој сега ги брани боите на ерменски Пјуник, на прес-конференцијата во пресрет на утрешниот реваш меч со Шкупи во 1. коло од ЛЕ, вели дека резултатот од првиот меч е многу незгоден. Тој смета дека за пласман понатаму, Пјуник мора да одигра еден многу добар натпревар.

„Утре не чека тежок натпревар. Тие 3:3 од првиот меч се незгодни и ќе треба добро да се одигра за да обезбедиме пласман понатаму“, смета Станков.

Тренерот на ерменскиот тим, Александар Тарканов, пак, вели дека е свесен за тоа каде доаѓаат и што можат да очекуваат утре.

„Знаеме каде доаѓаме. Знаеме дека Шкупи е добар тим. Ќе биде неизвесно, но јас, секако, верувам во мојата екипа“.