Црвена Звезда ја совлада Судува со 2-1 и обезбеди место во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Во центарот на вниманието е потегот на Марко Гобељиќ врз Ваидас Славичкас. Србинот во 60. минути крвнички стартуваше врз Летонецот. Судијата првично покажа жолт картон и ја повика лекарската екипа, но откако фудбалерите на гостинскиот тим го известија дека Славичкас се здоби со скрешница на ногата, тој ја промени својата одлука и на Гобељиќ му додели црвен картон.