По само 6 месеци во „Градски Парк“, Столе Стојчевски замина од Работнички.

Денеска на заеднички состанок, двете страни решија да ја прекинат соработката. Стоперот имаше договор со „романтичарите“ до крајот на сеозната, но имаше најави дека ќе остане во тимот и за следната сезона. Иако договорот беше на повидок, двете страни, сепак, репија да ја прекинат соработката со взаемна согласност.

Стојчевски од денеска е слободен фудбалер, а „романтичарите“ ќе мора да побараат ново решение за стоперската позиција во тимот.