22:40 – По заминувањето на Пау Лопез, Бетис тргна во потрага по нов голман. Се чини веќе успеа и да го обезбеди. Станува збор за Даниел Мартин од Спортинг Хихон кој треба да потпише деновиве.

22:29 – Дефанзивецот на француска Ница, Оливие Боскаљи, од денеска е нов фудбалер на холандски ПСВ. Договорот е на 4 години.


22:14 – Само поради бирократски проблеми, Јувентус не успеа да го потврди трансферот на Матијас Де Лихт уште вечерва. Според вестите од Торино, „Старата Дама“ мора да чека за промоција до утре, додека трансферот не биде официјално верификуван во Серија А.

22:09 – 32-годишниот Кристијан Стуани си заминува од Европа. Уругваецот по две сезони поминати во Жирона реши да замине во Мексико, каде веќе се договорил со екипата на Монтереј.

21:49Лацио и натаму го притиска Зенит да му го продаде Сердар Азмун. Иранецот дојде оваа зима во Зенит од Рубин за 12 милиони евра и тимот од Ст. Петерсбург не е многу заинтересиран за продажба. Сепак, ако го донесе Љоренте од Тотенхем, Азмун би можел за добра сума (околу 15 милиони евра) да оди на „Олимпико“.

21:35Алваро Гонзалез од Виљареал оди во Олимпик (М). Според „Марка“, 29-годишниот фудбалер на „жолатата подморница“ заминува во францускиот клуб за 5 милиони евра. Деталите ќе се знаат утре.

21:26 – ПОТВРДЕНО: Фудбалерот на Удинезе, Мола Вагу од денеска е нов фудбалер на Нант. Французите потпишаа 3-годишен договор со дефанзивецот на италијанскиот клуб.


21:05 – Нахитан Нандез доаѓа во Каљари. Веста ја потврдуваат аргентински извори. Уругваецот од Бока Јуниорс е на чекор до потпишување на договор со италијанскиот клуб.

20:55 – Британски „САН“ вечерва со информација дека Арсенал успеа да ја победи конкуренцијата за потписот на Вилиам Салиба од Ст. Етјен. Сумата на трансферот ќе биде 27 милиони фунти, плус бонуси.


20:38 – Откако Ло Селсо денеска поднесе барање за трансфер од Бетис, клубот од Андалузија веќе побрза да најде негов заменик. Во Шпанија веќе на големо се пишува дека Бетис почнал сериозни преговори со Набил Фекир од Лион.

20:36 – Претседателот на италијанскиот фудбалски клуб Џенова, Енрико Прециози, пристигна во Русија на преговори за играчот од средниот ред Спартак Москва, Фернандо.

20:26 – ДОГОВОРЕНО: Новинарот Педула вечерва потврди дека Наполи закажал прегледи на Елиф Елмас в сабота. Целата информација ја имате на овој ЛИНК.

20:14 – Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Филип Сандлер, е ново засилување за белгиски Андерлехт. Венсан Компани го носи на позајмица од својот поранешен клуб на една година.


20:07 – Во Италија засилено се шпекулира дека Марио Балотели може да го облече дресот на Фиорентина. Раиола веќе имал средби со првиот човек на „виолетовите“, а наводно и Монтела нема ништо против да го добие СуперМарио во Фиренца.

19:41 – Откако Баерн (М) се откажа од Хрватот, Марио Манџукиќ би можел во Англија. Шпекулациите од Островот велат дека за Манџа е заинтересиран Евертон, но засега нема никакви детали за евентуални преговори.

19:23 – Сасуоло донесе уште едно засилување. Овој пат на позајмица доаѓа младиот фудбалер на Интер, Ендрју Гравиљон. 


18:58 – Арсенал е пред потпис на договор со Бразилецот Евертон од екипата на Гремио. Целата вест ја имате ОВДЕ.

18:43Милан ја губи битката со Галатасарај за Жан Мишел Сери од Фулам. Турските медиуми велат дека Галата веќе постигнала договор со Сери за личните услови, останува да се договорат со Фулам за висината на трансферот.

18:34 – ПОТВРДЕНО: Како и што најавивме вчера, АЕК од Атина има засилување од Италија. Станува збор за Даниеле Верди, додегашниот фудбалер на Рома, кој минатата година беше позајмен во Ваљадолид. За Вердер АЕК ќе плати само 1 милион евра, но на Рома и даде 30% од следниот трансфер.


18:25 – ОФИЦИЈАЛНО: Киран Трипие и Атлетико ја потврдија соработката. Комплетната информација на овој ЛИНК.

18:11Њукасл денеска го договори новиот менаџер Стив Брус, а веќе е на пат да донесе рекордно засилување во тимот. Германските медиуми велат дека Хофенхајм разгледува понуда од 40 милиони евра која Њукасл ја испратил за нивниот напаѓач Жоелинтон.

17:47 – Фудбалерот на Барселона, Рафиња Алкантара, чека Барса и Валенсија да се договорат и тој официјално да се пресели на „Местаља“. Барселона за него бара 15 милиони евра, а Валенсија не сака да даде повеќе од 10,5 милиони.

17:34 – Парма донесе уште еден фудбалер од Интер. Станува збор за младиот Јан Карамо, кој минатата сезона беше позајмен во екипата на Бордо. И оваа година Карамо ќе биде на позајмица, но сега во Италија.


17:05 – Левиот бек на фудбалската репрезентација на Иран, Милад Мохамади од денеска е нов фудбалер на белгиски Гент. Договорот е на 3 години.


16:41 – Џовани Ло Селсо и официјално си оди од Бетис! Веста ја потврдуваат извори од клубот кои велат дека Аргентинецот доставил барање до клубот да биде ставен на трансфер листата. Тоа значи дека клубот кој ќе сака да го купи ќе мора да ја активира откупната клаузула, која според некои информации е намалена на 75 милиони евра.

16:32 – Лацио се пофали со ангажман на двајца фудбалер на екипата на Киево. Во Рим пристигнаа Софијан Кијин и Анџело Ндрецка. 


15:34 – Холандскиот талент Даишон Редан (18), ќе потпише за Херта. Тој е сегашен член на Челзи, а беше дел од Ајакс. Станува збор за играч во нападот. Тој веќе е во Берлин, и треба да стави потпис на договорот до 2024 година

14:56Јувентус објави видео од лекарските прегледи на Матијас де Лихт. 

14:50- Јувентус купува уште еден Португалец. Станува збор за десниот бек на Бенфика Жоао Фереира, кој има само 18 години. Овој трансфер би го чинел Јуве од 10 до 12 милиони евра.

14:52 – Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ, објави дека заминува од Атлетико Мадрид и ќе бара нов клуб. Најверојатно ќе замине во далечниот исток, откако неколку кинески тимови пројавија интерес

14:15 ДЕМАНТ! Роџерс ги отфрли шпекулациите дека Хари Мегвајер ќе премине во Манчестер Јунајтед.

14:00 Маркус Тирам ќе ги обави лекарските прегледи во Мехенгладбах во недела, доаѓа за сума од 12.000.000 евра.

13:31 – Холандскиот напаѓач од екипата на Тотенхем, Винсент Јансен, кој поради повреда лани не играше за лондончани, не заминал со тимот на предсезонската турнеја во Азија. Холандските медиуми објавија дека Јансен е многу блиску до трансфер во Шалке, иако за него се заинтересирани и Андерлехт, па дури и мексиканскиот тим Монтереј.

13:29Данскиот напаѓач од екипата на ВБА, Кенет Зохоре е многу близу до трансфер во Кардиф. BBC објави дека „дилот“ е среден за сума од 8 милиони фунти, кои ВБА ќе ги плати на Кардиф за напаѓачот.

13:26 – Авторитетниот германски магазин „Кикер“ потврдува дека екипата на Херта Берлин е пред потпис на договор со млад фудбалер на Челзи. Станува збор за Даишон Редан, дете на Ајакс, кое од пред две години е во Лондон. 18-годишниот Редан за сума од 2,5 милиони евра сега ќе се преслеи во дресот на Херта.

13:03 – Рома е многу близу до купување на уште еден фудбалер. Откако Манчини денеска ги минува лекарските прегледи, првите луѓе на „волчицата“ веќе го договораат трансферот на офанзивниот играч за врска на Бока Јуниорс, Аугустин Алмендрa.

13:00 – Екипата на Бурнемаут го договори напаѓачот на Шефилд Јунајтед, Лис Мусет. Се претпоставува дека трансферот ќе биде вреден 10,5 милиони евра.

12:08 – Џанлука Манчини утрово ги почна лекарските прегледи во Рома. До крајот на денот ќе биде комплетиран неговиот трансфер од Аталанта.

12:00 – Стив Брус е нов тренер на Њукасл. Договорот е потпишан на 3 години.


10:20 – Галатасарај сака да го земе под наем на една сезона играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Фред за 2 милиони евра.

10:00 – Тројца играчи се пред вратата на Арсенал, а менаџерот Унај Емери најави уште тројца-четворица до крајот на преодниот рок. ПОВЕЌЕ ОВДЕ

09:30 – Рубин тргна да го ангажира поранешниот руски репрезентативец Денис Глушаков но наиде на пречка, не од клубот на ветеранот Ахмат туку од своите играчи. Тие се противеле да биде донесен Глушаков, па клубот од Казан размислува за идејата да го купи играчот од средниот ред на Ростов Александер Гацкан.

09:20 – ПСЖ ја одбил понудата од Барселона за Нејмар. „Каталонците“ ги понудиле Ракитиќ, Кутињо и 40 милиони евра за Нејмар, но парискиот клуб не ја прифатил, известува француски „Екип“.

09:13 – Порто и официјално го продолжи договорот со Луис Мата заклучно со 2021 година.

09:04 – Најавите ќе се реализираат денеска. Несторовски во Удинезе… Овде ги имате сите ДЕТАЛИ.

09:10 – Играчот за врска на Ростов Резијан Мирзов во текот на денешниот ден ќе премине во редовите на Спартак Москва. 26-годишниот играч ќе потпише со „црвено-белите“ договор на три години. Трансферот ќе чини 4 милиони евра.

09:00 – Италијанскиот Лече е во завршни преговори со Бешикташ околу ветеранот Бурак Јилмаз. Новакот во Серија А се надева дека наскоро ќе ги заврши сите формалности околу 35-годишниот турски напаѓач и ќе го добие за 1,5 милиони евра.

08:40 – Холандскиот фудбалер Матијас Де Лихт уште синоќа слета во Торино. Утринава навивачите на Јувентус го пречекаа, а тој ги поздрави и замина на лекарски прегледи и на потпишување на договорот во италијанскиот шампион. ПОВЕЌЕ ОВДЕ

08:10 – Интер го позајми бразилскиот голман Габриел Бразао во шпанскиот Албасете за да собира искуство и притоа да ослободи место за друг играч што не доаѓа од ЕУ.

СИТЕ ТРАНСФЕРИ ОД ВЧЕРА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ


„СПОРТМЕДИА“ во текот на денот во живо ќе ве информира за сите случувања на летниот фудбалски трансфер пазар. Сите најинтересни трансфери, шпекулации, актуелни преговори… Следете ги во живо токму овде!!!