„Ланксес“ Арена за нам многу добро позната по фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите и оние две освои титули на Вардар во последните три години ќе биде домаќин на завршницата во Евролига.

Челниците на најсилното европски клупско натпреварување одлучија во периодот од 22. до 24 мај битката за титулата да се игра току во Келн и во магичната Аерна.

„Среќни сме што следниот фајнл-фор ќе се одржи токму во Келн. После Прага 2006, Париз 2010, Лондон 2013 години се одлучивме за место во кое досега не сме биле“, изјави Жорди Бартомеу, претеседателот на Евролига.