Диме Тасовски, Милан Димитриески, како и браќата Ренато и Роберт Димитриевски и во следната сезона ќе бидат играчи на Гостивар. Тие останаа верни на клубот и ги продолжија договорите на уште една година.

Тренерот Марјан Србиноски сезонава на располагање ќе има повеќе млади играчи со оглед на тоа дека гостиварскиот клуб најави еден поинаков концепт, но секако дека искусните играчи ќе имаат и тоа како важна улога во трката по нов, висок пласман на домашната сцена.