Екипата на Пјуник која е вистински „крвник“ на македонските преставници во европските купови, попладнево ја почувствува Националната Арена, каде утревечер против Шкупи ќе го одигра реванш мечот од 1. коло во Лигата на Европа. Порано Ерменците успеваа да се справат со македонските преставници во европските купови, како Победа, Тетекс и Вардар, и во серија на 7 последователни меча со наши екипи немаат пораз. Сега на потег е Шкупи да ја запре оваа црна низа.