Иве Трифуновски по само една година надвор од „зелениот“ табор се врати во Битола, се врати во својот Пелистер. Тој досега настапуваше за Брегалница и секако дека ќе биде големо, големо засилување за еден од нашите најголеми клубови кој во следната сезона во Втората лига – Запад ќе го нападне првото место со цел да се врати во нашата елитна лига. Да потсетиме дека покрај Трифуновски, во Пелистер ова лето дојдоа и Борче Маневски, Мирко Симјановски и Мики Јовановски. Нема што, тренерот Дарко Крстески ќе има сосема добра екипа.