Стратегот на Шкупи Умит Каран после поразот и елиминацијата на неговиот тим изјави:

Им благодарам на навивачите што дојдоа во толку голем број и да дадам поддршка. Направија убава атмосфера. Многу рано го примивме првиот гол. Во второто полувреме покажавме карактер. До последната минута бевме во игра за место во следната рунда. Имавме супер шанса за 2:2. За жал не успеавме. Од срце им благодарам на навивачите. Јас ја превземам комплетната одговорност за поразот оставете ги играчите на мира. Мислам дека пресудно за поразот е нашето неискуство. Пјуник има добра и искусна екипа. Знаете бевме ослабени со неиграњето на тројца стандардни фудбалери поради повреди“, изјави Каран.