Манчестер Сити го забрза чекорот по потписот на 18-годишниот напаѓач Тијаго Алмада од аргентинскиот клуб Велез Сарсфилд. „Граѓаните“ решиле да ја активираат откупната клаузула која изнесува 16 милиони евра, но интересна Велез, додека се уште нема ништо официјално, го тера Алмада да потпише нов договор според кој клаузулата би му рипнала на 25 милиони евра, но младиот фудбалер тоа го одбил.

Е сега играчот вели едно, а неговиот клуб друго.

„Се е договорено однапред и чекаме негов потпис. Клаузулата ќе изнесува 25 милиони евра“, изјави директорот на Велез Пабло Каваљеро.

Сити неодамна испрати 13 милиони евра за Алмада, но Велез ги одби, но англискиот шампион сега ќе испрати три милиони повеќе. Е сега кој ќе победи останува да видиме, но факт е дека ако играчот и аргентинскиот клуб потпишат нов договор и ја кренат сумата, тогаш Сити може да се повлече не пристапувајќи на ова мајтапење.