Последните информации велат дека Елиф Елмас во понеделник лета од Истанбул за Рим, каде во кампот Димаро кој е во близина на вечниот град, фудбалерите на Наполи веќе неколку денови се подготвуваат.

„Дијамантот“ прво ќе има средба со шефот Карло Анчелоти а потоа ќе се запознае со своите идни клупски колеги. Дури потоа ќе лета за Неапол каде ќе следуваат лекарските прегледи и секако официјаната промоција.

Во понеделник вечер или вторник наутро ќе го видиме „дијамантот“ со дрес на Наполи во рацете. А до него секако големиот газда на клубот Аурелио Де Лаурентис.