Чекор по чекор и дојдовме до најважниот натпревар ова лето на африканскиот континент. Возбудувања „еден тон“, но на крајот и не е преголемо изненадување тоа што во финалниот меч ќе гледаме пресметка меѓу Сенегал и Алжир.

На „лавовите“ во нокаут фазата за пласман во секое наредно коло им беше доволно еден гол. Минимални победи славеа против Уганда во осминафиналето, потоа против Бенин во четвртфиналето, а на крајот во полуфиналето падна Тунис, додуша, после продолженијата.

КУП НА АФРИКАНСКИТЕ НАЦИИ – Финале

СЕНЕГАЛ – АЛЖИР
Петок, 21.00 (Каиро)
Шифра: 6106

ПРЕДЛОЗИ
ВГ 0-2    1,41
ДШ X2  1,46
* квотите подлежат на промени

Натпреварите на Алжир беа за класа поефикасни. На првиот чекор во нокаут фазата без проблеми е совладана Гвинеја со 3:0, а на следното можеби имаше најголеми проблеми, бидејќи БС Коска се „предаде“ после пенал рулетот. Полуфиналниот натпревар ни донесе магија на Ријад Марез, кој во судиското надополнување на второто полувреме постигна фантастичен гол од слободен удар за пласман на „лисиците“ во големото финале (значи ефектот досега им е пет победи и едно реми).

Третпат во историјата ќе се соочат две репрезентации со домашни селектори. Алжир го предводи Џамел Белманди, а Сенегал Алиу Сисе.

Ниту една од споменатите две репрезентации нема играно во финалето на Купот на африканските нации уште од 2002. година, кога таа чест ја имаше Сенегал.  „Лавовите“ по пеналите мораа да им пружат рака на Камерунците.

И ете, ќе биде тоа реприза на дуелот од групната фаза на овогодишното издание на африканскиот шампионат. Пред три недели, Алжир се радуваше на победа и тоа благодарение на голот на Белаили на стартот на второто полувреме.

Алжир ја брка првата титула во Африка по 1990 година, додека Сенегал првата, а имаат едно финале во 2002 година.

„Лисиците“ и сега беа поблиску до победата, бидејќи Сенегал не знае за победа против оваа репрезентација речиси една деценија. Избегнете голови, затао што три од последните четири меѓусебни натпревари донесоа 0-2.

САДИО МАНЕ – РИЈАД МАРЕЗ: Дали сте знаеле?

  • Мане и Марез се најголемите ѕвезди на Сенегал и Алжир, но и африканскиот фудбал воопшто во последните неколку години.
  • Садио Мане кој е познат фудбалер насекаде, но кога не ја тркала топката волонтерски чисти тоалети во британските џамии.
  • Ријад Марез претходно беше шампион со Лестер Сити. Додека играл во Франција и кога му пристапиле луѓе на англискиот клуб, мислел дека Лестер е рагби клуб и не му било јасно зошто го убедуваат да оди таму.
  • Марез одиграл 52 натпревари за Алжир со ефект од 13 голови. Мане иам 60 натпревари за Сенегал и 18 голови.
  • И двајцата профи фудбал заиграле во Франција. Мане во Мец, а Марез во Ле Авр.
  • Како дете татко му му забранувал било каков спорт на Мане.
  • Татко му на Марез бил фудбалер во Алжир, но починал од срцев удар кога Ријад имал 15 години.