Белорускиот фристајл скијач Алексеј Гришин ги продава златниот и бронзениот медал од Олимписките игри за да помогне во лекувањето на свој пријател. Поранешниот спортист сподели дека неговиот пријател мора да оди на операција за која се потребни многу пари. Сите пари собрани од продажбата на медалите ќе се наменети за интервенцијата, за да се спаси еден човечки живот.

„За мене животот на човек е поважен од медалите. Медалот е само еден метал“, изјави Гришин.

40-годишниот Гришин е олимписки шампион од 2010 година, а бронзата ја освои во 2002 година. Исто така тој беше светски шампион во 2001 година.