Мотор Запорожје сепак ќе биде дел од СЕХА-лига. И покрај најавите дека тамошната федерација не им дозволува да се натпреварува во регионалното натпреварување, проблемите се надминати.

Познати се двете групи во сезоната во која македонскиот првак ќе ја брани титулата, а додека Еурофарм Работник ќе биде дебитант.

Вардар е во друштво на Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор Запорожје, додека пак битолскиот тим ќе ги одмери силите со ППД Загреб, Металопластика, Весптем и кинескиот тим Пекинг Спорт Универзитет.

Лигата ќе стартува на 3. или 4. септември, распоредот ќе биде познат подоцна.