Грчкиот Олимпијакос планира да регистрира втор, „Б“ тим за новата сезона во грчката Втора лига, откако клубот реши да се откаже од настапите во најсилната грчка лига во знак на протест по оној контроверзен дуел со Панатинаикос. Тимот ќе се преименува, значи нема да се вика Олимпијакос и ќе игра во помошната сала на „Арената на Мирот и пријателството“ во Пиреја. Ќе го сочинуваат помлади кошаркари и оние што нема да бидат стандардни во првата екипа.

Сениорскиот тим на Олимпијакос ќе си настапува во Евролигата под оригинално име.

„Евролигата ги има сите елементи на сериозна, модерна и чесна лига, за разлика од домашниот шампионат“, изјавија од Олимпијакос.