Вчера во реванш средбите од 1.квалификациско коло во ЛЕ имаше неколку изненадувачки резултати, но најшокантен беше оној од Сплит, во кој Гзира од Малта со 3:1 го победи Хајдук.

Од Германија доаѓа веста дека еден човек уплатил 12 пара, и сите успеал да ги погоди освен оној на кој бил мечот меѓу Хајдук и Гзира.Тој играл дека ќе победат сплитските „били“ и погрешил. Можеме само да претпоставуваме што тој мисли сега за „својот“ Хајдук. Инаку станува збор за Германец од хрватско потекло кој бил голем фан на „билите“.