Играчот од средниот ред на Њукасл, Џонандо Шелви и голманот Карл Дарлоу, учествувале во улична тепачка, објави „Дејли Мејл“.

Инцидентот се случил непосредно пред заминувањето на тимот на предсезонската турнеја во Кина.

Конфликтот започнал откако ималонепристојни навреди кон Шелби поради тоа што нема коса на главата, а 27-годишниот фудбалер му одговорил на еден од хулиганите, по што дошло до тепачка во која се вклучил и голамнот Дарлов и уште неколку други луѓе.

Англискиот клуб одби да ја коментира ситуацијата, но рече дека ќе спроведе истрага.