Аријан Адеми, фудбалерот кој е рекордер по бројот на освоени трофеи, во интервју за „Јутарњи лист“ веќе најавил кој може да го наслети, и со тоа отвори сомнеж дека може да си замине од тимот.

Сепак, на прашањето дали се подготвува за трансфер, Адеми одговори:

„Немојте да ме прашувате за тоа. Засега не планирам ништо, туку само сум фокусиран кон Динамо. Ако во меѓувреме нешто се случи, ќе биде. Премногу работи ми се случија во кариерата за нешто да планирам однапред. Одам чекор по чекор“, изјавил Адеми.