Македонскиот репрезентативец Енис Барди го постигна единствениот гол за шпански Леванте во првиот тес на тимот во пресрет на новата сезона. Денеска Леванте одигра контролен меч со екипата на Виљареал и загуби со 2:1.

„Жолтата подморница“ имаше водство и од 2:0, но Барди успеа да реализира во 87. минута и да го ублажи поразот. За Леванте ова е прва контрола, по која ќе следуваат уште натпревари до почетокот на новата сезона, а нашиот репрезентативец и оваа сезона треба да биде една од ударните игли во тимот од Валенсија.