Што навистина се случува со репрезентативниот стопер Дарко Велковски? Тој вечерва, на отворањето на новата сезона во ХНЛ, не се најде ниту на клупата на својот тим Ријека на мечот против Вараждин.

Само да потсетиме дека пред неколку денови Велковски Супер Купот на Хрватска против Динамо Загреб, го одгледа од клупата за резерви. Од друга страна супер враќање на Енис Фазлагиќ во стартниот состав на Жилина по долгата пауза поради повреда.

Младинскиот репрезентативец на Македонија денеска беше еден од најдобрите во својот тим, кој победи со 3:0 на гостувањето кај Земплин Михаловце. Ова беше натпревар од 1.коло во првенството на Словачка.